Промоција: РК Алкалоид ги претстави Велковски, Стојчевиќ, Бинго и Ромеро! (ФОТО)

297

РК Алкалоид следната сезона, во која ќе се натпреварува и во Европската лига, ќе има четворица нови ракометари во составот.

Нови играчи се репрезентативецот на Македонија, десниот бек Мартин Велковски, младиот пикер Стефан Стојчевиќ, а за првпат во екипата ќе има и интернационалци. Тоа се левото крило Арно Бинго од Франција и голманот од Куба Алехандро Ромеро.May be an image of 1 person, playing basketball and text

Арно Бинго играчки ќе биде најискусното име во екипата кога станува збор за неговата биографија. Бинго, кој има 35 години, е поранешен репрезентативец на Франција, а во текот на кариерата настапувал за португалските екипи Бенфика и Спортинг, како и за француските Трембле и Монпелје.May be an image of 1 person, playing volleyball, playing basketball and text

Алехандро Ромеро е вториот странски ракометар, голман роден во 1994 година, а стоеше меѓу стативите на Екс Провaнс, во чии редови имаше завиден процент на одбрани. Кубанецот бранеше и за Понто Комбо од Франција, за шведскиот клуб Онередс Аристика и за Порто од Португалија.May be an image of 1 person, playing football, playing volleyball, playing soccer and text

Мартин Велковски е 26-годишен десен бек кој доаѓа од тимот на РК Е. Пелистер, а претходно настапуваше за РК Металург. Мартин Велковски има настапувано за македонската репрезентација на ЕП во Хрватска во 2018, на ЕП во Австрија во 2020, на СП во Египет во 2021 и на ЕП во Унгарија во 2022.May be an image of 1 person, playing football, playing volleyball and text

Стефан Стојчевиќ е пивот кој има 20 години, висок е 207 сантиметри, а доаѓа од РК Бутел Скопје. Важи за голем ракометен потенцијал, кој ќе добие одлична можност за развој во РК Алкалоид, чија стратегија уште останува истата – афирмација на најдобрите млади имиња од Македонија.

Со овие четворица играчи стручниот штаб на чело со Кире Лазаров ќе добие повеќе искуство на теренот, проверен квалитет и опции за игра, а тимот ќе стане поконкурентен за настапите во домашната Суперлига и во Европската лига на EHF.

ПретходноШок за Модриќ и Реал: Адидас “десетката“ ја бара за Мбапе!
СледноАвионот на Динамо на еден час исчезна од радарот на летот кон Казахстан!