Чихат Арслан не беше на пресот, па затоа стратегот на Шкупи не даде никаква изјава. Тоа го стори неговиот помошник Февзи Љаиќ. Дознаваме дека Арслан поради семејни причини морал да отпатува под итно во својата Турција, а се очекува утре да се врати во Софија и да го води тимот на Шкупи против Левски Софија.
Инаку натпреварот почнува од 19 часот по македонско време. Покрај тоа што не беше на пресот, Чихат Арслан не беше на тренингот на својата екипа која се одржа доцна попладнево на теренот на стадионот на Левски во Софија.