Флоријан Кадриу (27) својата кариера ќе ја продолжи во Казахстан, во тимот на Атирај. Офанзивецот беше и претставен од страна на својот нов клуб во оваа земја која полека, но сигурно станува посакувана дестинација на нашите играчи.
Кадриу кој е од Тетово, во својата кариера има играно за екипите на Влазерими, Шкупи, Работнички, Ренова, Струга ТЛ, како и во клубови од Албанија и Косово.