Македонската кадетска машка ракометна репрезентација денеска ги продолжува своите настапи на СП за играчи до 19 години кое се одржува во Хрватска. Мечот против Црна Гора започнува во 19.30 часот.
Секако дека после поразот на стартот на Мундијалот од Норвешка во една контроверзна завршница, со некои чудни судиски одлуки по што РФМ вложи и жалба, вечерва избраниците на селекторот Раде Стојановиќ ќе мора да одат на се или ништо. Само победа ни одговара, во спротивно ќе играме во “Президент Купот“ ако и вечерва, во вториот меч во групата –Ф, бидеме поразени.
Македонија ако победи тогаш сами си ја кроиме судбината за пласманот во главната фаза, тогаш ќе ни треба победа над Грузија во последниот меч во групата.
Секако дека очекуваме од момците уште еднаш да одиграат максимално ангажирано и на победа.