Китановски нов играч на Слобода Ужице

247

Искусниот крилен дефанзивец, Томче Китановски е нов играч на српскиот прволигаш Слобода Ужице.

Битолчанецот денеска е промовиран во новиот клуб, а ова му е трет пат како заминува во Србија. Претходно Китановски беше дел и од екипите на Вождовац и Младост Лучани.

Китановски е најавен како големо засилување, и како играч со интернационално но и репрезентативно искуство.

ПретходноЕП: Унгарија е пресилна, нов пораз на кадетките
СледноЉубов кон својот клуб, за четири часа распродаден Пољуд, Хајдук ќе го пречека ПАОК пред полни трибини