Го продолжи договорот со Фулам, па потрча по арапските милиони

324

Бразилскиот фудбалер Вилијан неодамна го продолжи договорот со англискиот премиерлигаш Фулам, а во меѓувреме се предомисли и побара да му биде овозможен трансфер во Саудиска Арабија.
Клубот од Лондон пред две недели соопшти дека го продолжил договорот со Бразилецот на уште една година, во меѓувреме добива понуда од Ал Шабаб која сака да ја прифати. Англиските медиуми пишуваат дека тој веќе се договорил со Арапите и чека дозвола од Фулам за да замине.
„Среќен сум што потпишав на уште една година со Фулам и што ќе продолжам да го работам тоа што работев и претходната сезона со моите соиграчи. Мислам дека екипата може подобро од претходната сезона“, порача Вилијан по потпишувањето на договорот со Фулам.
Но сега…
Вилијан во кариерата играше за Арсенал, Челзи и Шахтјор од Доњецк.

ПретходноШпанија е прв четвртфиналист на женското СП
СледноНе се снајдоа на пазарот, па решија преку оглас да купат фудбалери