Рики Рубио ја стави кариерата во мирување – морам да се погрижам за менталното здравје

252

Шпанскиот репрезентативец и НБА кошаркар Рики Рубио одлучи да ја стави во мирување својата кошаркарска кариера затоа што мора да се погрижи за своето ментално здравје. Со тоа порача дека нема да игра за Шпанија на СП.
„Одлучив да ја паузирам кошаркарската кариера и да се погрижам за менталното здравје. Сакам да му се заблагодарам на Кошаркарскиот сојуз на Шпанија за поддршката. Тие ја разбираат мојата одлука. Фамилијата е во прв план. Сакам да се почитува мојата приватност за да го решам ова на вистински начин, а нови информации ќе доставам кога ќе дојде време за тоа“, напиша Рубио.
Шпанецот минатата сезона играше за Кливленд, а често е повреден.

ПретходноИ младинската школа на Вардар означи старт – претставени се и новите раководни луѓе
СледноСП У-19: Македонија со триумф над Грузија става печат на пласманот во главната рунда на Мундијалот!