Раководството на СЕХА Лигата соопшти дека завршницата од ова натпреварување ќе се одигра во Задар, од 3-ти до 5-ти септември оваа година.
Претходно ќе треба да се одиграат 1/4 финалињата, а таму два наши тима се борат за да влезат меѓу најдобрите четири тима во СЕХА.
Вардар за противник во 1/4 финалнето го има ППД Загреб, додека Еурофарм Пелистер ќе се бори против Мешков Брест.
Досега Вардар има пет трофеји во СЕХА.