СП У-19: БРАВО…Македонија ја “скрши“ Грузија и се пласира во главната рунда на Мундијалот!

535

Очекувано, без некои посебни проблеми, речиси рутински, нашата ракометна селекција до 19. години во меч од 3.коло во групата – Ф од СП, успеа да ја победи Грузија со 27:21 (13:10) и со тоа да оствари пласман во главната рунда на Мундијалот.

Нашите ракометни надежи се меѓу 16-те најдобри на светот, и сега следува она вистинското на СП во Хрватска.

Во текот на целиот меч избраниците на селекторот Раде Стојановиќ ги диктираа настаните на теренот, го имаа водството, знаеја што сакаат и знаеја како да дојдат до тоа што им треба, а тоа беше триумф на овој меч во салата во Ријека, за да се дојде до целта, а таа беше пласман во следната фаза или главнат рунда на Мундијалот.

Во 13.минута имавме водство од 7:2, потоа во 21.минута Грузијците намалија на 10-7, за да на пауза се замине со 13:10 за Македонија. Во 39.минута од мечот водевме со 15:12, за неколку минути подоцна та разлика се зголеми на 19:14, за да во 52.минута веќе беше се готово ако се знае дека Македонија против Грузија водеше со 24:18.

Уште еднаш БРАВО за нашите ракометни надежи, покажаа дека имаат во себе потенцијал, имаат квалитет.

Инаку го следната фаза, нашите ракометари ги очекуваат мечеви со Данска и Австрија, во понеделник и вторник.

ПретходноПред четири години превозно средство му беше трамвајот, а сега е најскапиот стопер во светот!
СледноХигиеничар на Интер Мајами побарал и добил автограм од Меси, потоа бил отпуштен!