Кузмановски се врати на терените и веднаш почна да “тресе“

165

Филип Кузмановски, еден од нашите најдобра ракометари, член на германскиот Вецлар, ги надмина проблемите со повредата, физички е подготвен и веќе почна со настапи за својот тим. Како што е познато тој го пропушти крајот на минатата сезона во Германија поради повреда на коленото. Се очекуваше дека ќе успее да се врати на терен за последните натпревари, но повредата го оддалечи подолго отколку што се веруваше и своите први настапи за Вецлар ги бележи дури во новата сезона. 
Македонецот не само што игра, туку е и на два меча по ред втор стрелец на тимот. 
Вецлар учествува на Варбург Куп, каде што одигра натпревар со Фуксе Берлин (30-32), а Филип Кузмановски со пет гола беше втор стрелец на тимот. 
Во второто коло Вецлар се сретна со Ерланген (24-29), а Филип Кузмановски на овој натпревар исто така беше втор стрелец, со четири постигнати погодоци. 

ПретходноСАД во солзи, Андоновски пред отказ…
СледноСП У-19: Македонија денеска на мегдан со силната Данска…почнува главната рунда на Мундијалот!