Каков шокантен развој на настаните во врска со голманската позиција во Баерн Минхен. Имено Александар Нибел е даден на позајмица во Штутгарт, Јан Зомер направи трансфер во Интер, а најново е тоа што Мануел Ноер, барем како што известува Билд, нема шанси да почне да брани наскоро. Искусниот чувар на мрежата, кој заздравува по операцијата, не ќе може да брани до крајот на оваа година.
Па така тренерот Томас Тухел остана само на Свен Улрајх, иако се говори дека Баерн веќе преговара со Јасин Боно од Севилја.
ФОТО: Twitter










