Секако дека е добро да се има ВАР, целта е во фудбалот се да биде регуларно, но некогаш знае и да се претерува во времетраењето кога се прегледува спорниот момент. Така и во Србија, во тамошната Суперлига на мечот меѓу Радник и Спартак Суботица. При резултат 1:0 за домашните, во 58.минута Радник преку Богдановиќ постигнал уште еден гол, но тогаш се огласил ВАР системот и на судиите во ВАР собата им требало цели 13 минути да проверат и да кажат дали голот е регуларен.
На крајот сепак голот на домашните е признат и со тоа тие повеле со 2:0, резултат кој и бил конечен на овој меч.










