Ал Хилал и тоа како има намера да го ангажира Виктор Осимен, најдобриот фудбалер на Наполи и еден од најдобрите напаѓачи во светот.
Досега Ал Хилал испраќаше две понуди до Аурелио Де Лаурентис, но и двете беа одбивани. Првиот човек на италијанскиот шампион не се задоволуваше со 120 и 140 милиони евра отштета, па сега клубот од С. Арабија како да ја менува тактиката.
Имено на Нигериецот му нуди 200 милиони евра за петгодишен договор, и кога ќе ги договори личните услови со него ќе бара од Осимен тој да направи притисок кај својот клуб од Неапол да биде пуштен и тоа со отшетата не помала од 150 милиони евра која би му припаднала на Наполи.
Ќе видиме дали од трета овој трансфер ќе успее.










