Место во недела (13 август), дербито меѓу Шкендија и Струга ТЛ ќе се игра две недели подоцна, на 30 август од 16 часот. На барање на шампионот, кој утре и следниот четврток има двомеч со Есперанж во 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции, ова дерби од 2.коло во новата сезона во ПМФЛ ќе се игра на 30 август (среда).
Се разбира дека кога само Струга ТЛ има шанси да направи нешто повеќе во Европа, тогаш тоа треба и да и се овозможи на било кој начин, посебо сега ако се знае дека нашиот шампион со оглед на евенуланите противници во плеј – офот има шанси да се пласира и во групната фаза во Лигата на Конференции.
Инаку промени во термините кај Струга ТЛ има и за натпреварите од 3. и 4.коло во ПМФЛ.
Натпреварот Струга ТЛ – Брера Струмица место на 20 август, ќе се игра ден подоцна. Додека мечот од 4.коло меѓу Воска и Струга ТЛ наместо на 23 август, ќе се игра 27 септември.