Бразилецот Нилтон Соареш Родригез или Нилтињо (29) е ново име во таборот на Шкупи. Игра во нападот и се разбира дека треба да биде замената за Реналдо Цефас. Доаѓа од Малта, а има играно за неколку клубови во Бразил.
Нилтињо може да игра на неколку позиции во нападот, а освен тоа што знае да постигнува голови тој се одликува и по тоа што несебично дели и асистенции.
Од Шкупи велат дека тој ќе биде големо засилување за тимот на Чихат Арслан.
Инаку претходно тимот од Чаир го потврди и доаѓањето на Луан Абази, она што “Спортспорт“ го најави претходно во текот на денот.