Попладнево се одиграа петте мечеви од 2.коло во ПМФЛ. Во скопската пресмета, Шкупи како гостин го победи Вардар на Маџари и тоа со голот на Нилтињо во 79.минута. “Комити“ направија убава атмосфера на Маџари, Вардар можеше и до бод, но Матеус во 90.минута ја погоди пречката.
Брера Струмица со 2:0 ја победи Воска Спорт и тоа со мајсторскиот гол на Крстевски, а стрелаше и Руфати.
Силекс со 2:0 го победи Работнички со двата гола постигнато уште во првото полувреме и тоа по катастрофалните грешки на одбраната на гостите.
Македонија ЃП со голот на Славков ја победи Брегалница, а Тиквеш со 0:3 просто го „уништи“ Гостивар на негов терен. Стрелци на головите за кавадарчани беа Куреж, Ибиши и Ивановски.
Мечот меѓу Шкендија и Струга ТЛ ќе се игра на 30 август.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 2.КОЛО
БРЕРА СТРУМИЦА – ВОСКА СПОРТ 2:0
(Крстевски 15., Руфати 86./)
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 0:3
(/Куреж 39., Ибиши 51., Ивановски 64.)
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 1:0
(Славков 78.)
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 2:0
(Каланоски (п) 5., Ристовски 21./)
ВАРДАР – ШКУПИ 0:1
(/Нилтињо 79.)
30.08.2023 – 16 ч
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ