Францускиот првак Лил го најде наследникот на Кристоф Галтие кој замина во Ница пред една недела. Кормилото на популарните „Доги“, на општо изненадување, го презема Жоселин Гурвенек, поранешниот тренер на Бордо и на Генгамп.
Гувернек се враќа во тренерските води за првпат по мај 2019 година кога замина од Генгамп каде што беше творец на цутот на овој клуб и пласманот во квалификациите за Лига Европа. Со истиот клуб во 2014 година го освои Купот на Франција.
Ова е изненадување затоа што Лил имаше други планови, но Лоран Блан, Лусијан Фавр и Патрик Виеира ги одбија понудите. Па изборот падна на Гувернек кој потпиша двегодишен договор.