Почнува 51. издание на Струшкиот турнир

157

Со дуелот меѓу екипите на Вардар и Струга, денеска од 18:30 часот ќе почне 51. издание на најстариот ракометен турнир во Македонија и еден од најстарите во светот – Меѓународниот турнир „Струга“.

Денешната програмa ќе донесе уште еден натпревар, оној од 20.40 часот меѓу екипите на Алкалоид и Динамо Панчево. Меѓу двата меча е предвидена и кратка церемонија на свечено отворање.

Натпреварите ќе се играат на отвореното игралиште на „Женска плажа“, доколку временските услови го дозволат тоа.

ПретходноМанчестер Сити и Севиља вечерва во битка за европскиот Суперкуп
СледноПо Нејмар, Ал Хилал почна преговори со уште двајца фудбалери на ПСЖ