Л‘Екип: Рамос денес потпишува за ПСЖ

207

Францускиот Л‘Екип предмалку објави дека ПСЖ и Серхио Рамос постигнале договор, и дека искусниот дефанзивец доаѓа во Париз, да потпише двегодишен договор.

Откако мина повеќе од деценија во дресот на Реал Мадрид, а претходно на Севиља, Рамос конечно ја напушта Шпанија и ќе заигра во друг шампионат.

Неговите преговори со Реал Мадрид не завршија успешно пред се затоа што тој инсистираше на двегодишен, а клубот на едногодишен догоров. ПСЖ ја искористи таа ситуација и го доведува во своите редови.

Медиумот дури најавува дека е можно ПСЖ во ист ден да ги промовира како нови засилувања Донарума, Хакими и Рамос.

 

ПретходноТотенхем ја активираше клаузулата од договорот на Бејл
СледноЕУРО 2020: Кој во финале – непобедливите „Аѕури“ или енигматичните Шпанци?