Монфис повторно беше лесен плен за Новак, Алкараз се намачи за четвртфинале

320

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Синсинати откако утрово го победи Французинот Гаел Монфис со 2:0 (6:3, 6:2).

Српскиот тенисер по 19-ти пат во кариерата славеше победа против овој ривал и тоа во исто толку одиграни натпревари.

Доминацијата на српскиот тенисер започна на 3:3 во првиот сет, кога на негов сервис го доби гејмот без загубен поен. Монфис лесно дозволи нов брејк, а потоа уште два.

Ѓоковиќ во вториот сет рутински го приведе мечот до крај и закажа дуел со Тејлор Фриц во четвртфиналето.

Првиот фаворит на турнирот, светскиот рекет бр. 1, Карлос Алкараз со многу мака се пласираше во четвртфиналето, соладувајќи го одличнот Томи Пол со 7:6 (6), 6:7 (0), 6:3.

Дуелот донесе голема битка, но на крајот Шпанецот конечно го најде рецептот да го победи многу непријатниот Американец и да закаже дуел со Австралиецот Пaрсел.

ПретходноШпетим Дуро: Чудата на Струга Трим Лум продолжуваат!
СледноПознат „возниот ред“ на новата НБА сезона: Денвер тргнува против Лејкерс, Лука против Вембањама