Миовски стрелец, Абердин слави пласман во четвртфиналето на Лига купот

305

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски по долгата пауза поради повреда се врати во стил. Трет меч и втор гол во Шкотска. Постигна еден на дуелот со Селтик минатата недела, а вечерва постигна гол во победата на Абердин на гостувањето кај втролигашот Стирлинг со 2:1 и се пласира во наредната рунда на Лига купот.
Миовски го отвори резултатот со погодокот во 29 минута.
Идната недела Абердин ќе игра со Хакен во гости во квалификациите за ЛЕ, а три дена подоцна ќе му гостува на Ст.Мирен во шкотската Премиер лига.

ПретходноБаерн отвори со победа во Вердер, деби гол на Кејн (видео)
СледноНотингем со гол во 90. минута стигна до првата победа во Премиер лигата (видео)