Бед Блу Бојс добија забрана за гостување до крајот на сезоната

203

Тимот на Динамо Загреб на чело со нашиот Стефан Ристовски, синоќа во шок поразот во Атина од АЕК, 2:2 се елиминирани од квалификациите за Лигата на Шампионите. Продолжуваат во Лигата на Европа, каде што ќе играат двомеч со Спарта Прага, но од УЕФА утринава пристигна допис во кој се вели дека навивачите на Динамо, популарните Бед Блу Бојс, имаат забрана за гостување во следната натпреварувачка сезона во Европа.

Секако, ова доаѓа по немилите настани кои се случија на 8 септември во Атина, кога навивач на АЕК почиа во судирите на неговата група со онаа на Бед Блу Бојс и навивачите на Панатинаикос.

Потоа првиот меч беше одложен како што е познато, стотина хрватски навивачи се во грчките затвори и воопшто не се знае кога ќе излезат од таму.

 

ПретходноЃоковиќ и Алкараз во финалето во Синсинати
СледноИџе постави нов рекорд на патеката во Швајцарија