Баерн Минхен во новата сезона на „Алијанц арената“ ќе има игра пред 20.000 гледачи, објави германски „Скај Спортс“.
Оваа одлука ја донесе Баварија, а причината е претпазливоста поради делта сојот на коронавирус. Баерн Минхен ќе има право да прими 35% од капацитетот на стадионот, додека останатите тимови во Бундес-лигата ќе играат пред 50% исполнет капацитет или пак максимално 25.000 навивачи.
Новата сезона во Бундес-лигата почнува на 13. август и ќе трае до 14. мај следната година, бранител на титулата е Баерн.