Сити со триумфот над Њукасл испиша клупска историја!

130

Манчестер Сити, иако не игра спектакуларно како што сите очекуваат, има затоа и причини, сепак новата сезона ја започна според планот. Две победи во исто толку мечеви во новата сезона во Премиерлигата, освоен е пехарот во Суперкупот на Европа. Единствен кикс беше поразот од Арсенал во Комјунити шилд.

Инаку вчера европскиот првак со победата над Њукасл од 1:0, испиша клупска историја.

Имено тоа беше 17. последователна победа на свој терен, на „Етихад“, и тоа во сите натпреварувања.

На овие 17 меча тимот на Пеп Гвардиола постигна 55 а примено само 7 голови.

Навистина импресивно.

Последен пат Сити не успеал да победи дома на 31 декември минатата година кога со Евертон одигра 1:1.

ПретходноСрбинката Ивана Вулета е светска шампионка во скок во далечина
СледноДинамо Загреб го продаде Шутало на Ајакс за 21 милиони евра