Швеѓанецот Даниел Стал во неверојатно драматична завршница го освои златото во фрлање диск на светското атлетско првенство во Будимпешта. Во ретко возбудлива завршница, последната серија решаваше за името на новиот светски првак.
Прво, словенечкиот фрлач на диск Кристјан Чех успеа да ја натфрли конкуренцијата во последната шеста серија префрлувајќи 70 метри и два сантиметри, но во последното фрлање на затворање на големото финале, данецот Стал се надмина себеси и со фрлање од 71 метар и 46 сантиметри, не само што успеа да го освои златниот медал, туку успеа да го собори и рекордот на светските првенства.
Третото место и бронзениот медал му припадна на Миколас Алекна од Литванија, син на легендарниот Виргилиус Алекна, кој своевремено беше светски и олимписки шампион.
Daniel Stahl’ın Şampiyona Rekoru Kırarak Altın Madalya kazandığı an pic.twitter.com/qc98X1Fx9H https://t.co/JvovMLkS2h
— Göktuğ Özal (@goktugozal) August 21, 2023