Тамбери e светски шампион во скок во височина, a Таусага е прва „златна“ Американка во фрлање на диск

164

Џанлука Тамбери ја освои светската титула во скок во височина на отвореното Светско атлетско првенство што се одржува во Будимпешта. Феноменалниот Италијанец победи со скок од 2,36 метри и го освои единственото злато што му недостасува во колекцијата.

Тој има злато од ОИ 2020, од ЕП во 2016 и 2022 година, СП во сала 2016 и ЕП во сала 2019 година.

А Лаулауга Таусага е првата Американка која освоила златен медал во фрлање диск на Светските првенства. Таусага направи одличен резултат во четвртата серија и ги остави зад себе сонародничката Олман и сега веќе поранешната светска шампионка Фенг од Кина.

Таусага го фрли дискот 69,49 метри што е нејзин личен рекорд. Резултатот на Олман беше 69,23 додека на Фенг 68,20 метри.

 

ПретходноОфицијално: Буњаку потпиша за Балкани, го замени Неџипи
СледноАл Наср вложи многу пари, а за малку ќе останеше без пласман во групите од ЛШ