Австралија со девет НБА играчи на Мундобаскетот

395

Селекторот на австралиската кошаркарска репрезентација Брајан Горџијан го објави списокот од 12 играчи кои играат на Светското првенство.

Списокот изгледа доста моќно, бидејќи на него има девет играчи од НБА-лига што ја прави оваа селекција еден од кандидатите за медал.

Австралија во првата фаза ќе биде дел од група Е заедно со Германија, Финска и еден од домаќините Јапонија.

На листата се: Ксавиер Кукс (Вашингтон), Дајсон Даниелс (Њу Орлеанс), Данте Ексум (Далас), Џош Гиди (Оклахома Сити), Крис Гулдинг (Париз), Џо Инглс (Орландо), Ник Кеј (Шимане Сусано), Пети Милс (Атланта), Дауп Рит (Ал Ријад), Матис Тибул (Портланд), Џош Грин (Далас) и Џек Вајт (Оклахома Сити).

ПретходноПолувреме ПМФЛ: Вардар води против Силекс, Гостивар со предност против Работнички (ВИДЕО)
СледноМусиала се повреди и паузира шест недели