Младиот тим на Мулти Есенс, вечерва со победа и тоа каква, стартуваше на меморијалниот турнир “Миле Нешковски“ во Прилеп. Момците на стратегот Иван Марковски со 29:26 беа подобри од звучниот тим на Кокс од Финска, кој секако дека беше фаворит на овој меч, но сепак Мулти Есенс демонстрира одлична игра и успеа да труиумфира.
На останатите мечеви од првиот ден на овој турнир во Прилеп, да кажеме дека Скопје загуби од Дубочица со 24:36, домашниот Прилеп беше подобар од Струга со 29:24, а во првиот меч денеска Пролет го победи Е. Пелистер 2.