Уште еднаш Белингам за перфектен Реал Мадрид, гол за триумф кај Селта….Винициус се повреди! (ВИДЕО)

354

 

Уф, каков супер интересен меч вчерва во Виго меѓу Селта и Реал Мадрид. Меч кој заврши со победа, трета во третиот меч во новата сезона ви Ла Лига,и тоа со 0:1 и тоа со гол на Џад Белингам во 81.минута. Инаку негов четврти во дресот на “кралевите“ од стартот на сезоната.

Англичанецот уште еднаш потврди дека е супер, мега засилување за тимот на Карло Анчелоти. Интересно е тоа што тој во неколку наврати се пожали на повреда на коленото, но ете остана во игра и му донесе победа на својот тим.

Инаку уште во 3.минута Селта постигна гол, но ВАР го поништи. Во 18.минута Винициус се повреди и мораше да излезе од терен, место него влезе во игра Жоселу.

Се играше 68.минута кога Родриго не успеа да реализира пенал. После тоа Селта имаше супер шанса за водство, но не успеа да дојде до него.

И конечно во 81.минута Крос нафрли од корнер, топката прво ја удри Жосеслу а таа дојде до Белингам кој од тешка ситуација ја затресе мрежата за 0:1, за победа, трета во третиот меч.


ПретходноЗа малку ќе паднеше светскиот рекорд: Златото за Шерика Џексон на 200 метри! (ВИДЕО)
СледноГерманецот Шлагер ќе и суди на Струга ТЛ на Исланд!