Соединетите Американски Држави слават двојно злато во дисциплината 4х100 метри на Светското првенство во Будимпешта. Машката и женска штафета славеа триумф. Мажите истрчаа во време од 37,38 секунди, а со тоа Ноа Лајлс го освои третиот златен медал на овој атлетски Мундијал.
Женската штафета постави време од 41,03 секунди.