Неверојатен меч во Премиерлигата во рамките на 3.коло меѓу Њукасл и Ливерпул на “Сент Џејмс Парк“ кој заврши со резултат 1:2.
А се можеше и требаше да биде поинаку, ако домашните имаа барем малку повеќе среќа. Гордон во 25.минута донесе водство за еуфорија кај “страчките“. Само три минути подоцна гостите останаа со играч помалку откако исклучен беше нивниот капитен Вирџил ван Дајк. Се редеа шансите, зицерите пред голот на “редси“, но втор гол немаше па немаше.
И како што обично се случува во фудбалот следува казна. Прво Дарвин во 81.минута а потоа и во судиското продолжение постигна уште еден гол за победа на Ливерпул.