Јакоб Ингебригцен ја одбрани светската титула на 5000 метри на последниот ден од Светското атлетско првенство во Будимпешта. 22-годишниот олимписки шампион на 1500 метри истрча време од 13:11.30 минути и успеа да ја победи конкуренцијата во последните метри.
Норвежанецот својот напад го започна во последните 400 метри кога Шпанецот Мохамед Катир ја преводеше водечката група. Катир на крајот не можеше да го спречи налетот на Норвежанецот и заврши на второто мест, додека бронзениот медал му припадна на Кениецот Џејкоб Кипрос.
Бронзената од минатогодишното светско првенство, Мари Мораа од Кенија, сега е нова светска шампионка на 800 метри со личен рекорд од 1:56,03 минути, откако во последните метри со спринтесрски финиш дојде до златото.
Втора заврши Кили Хоџкинсон од Велика Британија, која обезбеди второ сребро во нејзината колекција од светските првенства, оставајќи ја на третото место олимписката и светска шампионка Атинг Му од САД.