Манчестер Сити вчера испратил нова пообрена понуда за играчот од средниот ред на Вулверхемптон, Матеус Нунеш. Првично, „волците“ одбија 50 милиони евра, а сега „граѓаните“ ја зголемија понудената сума на 60 милиони.
Португалецот останува главна цел на англискиот шампион и овојпат, Гвардиола и управата се чувствуваат сигурни во договоро. Со играчот веќе успеале да ги договорат сите лични услови.
Нунеш пристигна кај Волвс пред една година за 45 милиони евра од Спортинг.