Феникс го отвори НБА финалето со убедлива победа над „Бакс“ (ВИДЕО)

183

Кошаркарите на Феникс Санс го совлада Милвоки Бакс со 118-105 во воведниот финален натпревар од НБА лигата. Триото Крис Пол, Девин Букер и Деандре Ејтон, одиграа извонреден меч, со што Феникс покажа дека е „печен“ за првиот шампионски прстен.

И покрај повредата на коленото, првата sвезда на Бакс, Јанис Адетокумбо, стисна заби и забележа дабл-дабл во поразот на својата екипа. Феникс го реши натпреварот во третата четвртина кога дојде до плус 20 поени. Најдобар поентер кај „Санс“ беше Крис Пол со 32 поени, но Ејтон забележа дабл-дабл со неверојатни 19 скока и 22 поени, а Девин Букер реализираше 27 поени и шест скока.

Феникс ќе биде домаќин на вториот натпревар од финалето во петок, каде ќе ја бара и втора последователна победа, што би ги доближило до првата шампионска титула во историјата на клубот.

ПретходноАргентина на пенали до големата класика во финалето на Копа Америка 2021 (ВИДЕО)
СледноЛуис Енрике: Не жалам за ништо, ќе навивам за Италија во финалето