Македонија до 18 години на почетокот на септември на тренинг камп во Кичево

390

Младата репрезентација на Македонија до 18 години во периодот од 3 до 8 септември ќе одржи тренинг камп во Кичево. Нашите млади фудбалери ќе го искористат максимално овој период за да се подготват што е можно подобро за претстојните предизвици што ќе ги очекува оваа репрезентација.

Селекцијата на Македонија до 18 години веќе одигра една контролна средба во новата сезона.

На стадионот во Ѓорче, избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа контролен натпревар против соодветната селекција на Унгарија. Контролен меч со многу возбудувања и отворена игра, кој заврши без победник 1:1.

На контролниот камп во Кичево, селекторот на репрезентацијата на Македонија до 18 година, Вујадин Станојковиќ го повика следните фудбалери:

Голмани: Славе Вргов (А.П. Брера), Амар Хаџибулиќ (Работнички), Спаско Ахтаров (Беласица), Даниел Диковски (Македонија Ѓ.П.);

Одбрана: Анес Мелиќи (Шкендија), Теодор Брајкоски (Њу Старс), Нуман Ајетовиќ (Вардар), Бојан Ивчески (Победа), Андреј Љубевски (Работнички), Драган Јанкоски (Вардар);

Среден ред: Мухамед Елмас (Гостивар), Андреј Силјановски (Пелистер), Давид Ристосвски (А.П. Брера), Алтин Нурединовски (Њу Старс), Алмир Подграѓа (Работнички), Александар Анастасијески (Македонија Ѓ.П.), Никола Манојлов (Работнички), Давид Матески (Охрид Лихнидос), Јован Постолов (А.П. Брера), Матеј Гаштаров (Вардар), Јаков Величковски (Стопенберг, Германија);

Напад: Алтин Алији (Македонија Ѓ.П.), Елмас Емуш (Караорман), Веби Ислами (Шкендија), Албин Идризи (Ст. Полен, Австрија);

ПретходноЕ.З. од Гостивар го освои најпосакуваниот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 17 957 899 денари
СледноАлкалоид се издвои на врвот на табелата со три победи во низа