Словенците со самиот пласман на Летните олимписки игри во Токио направија голем успех, но не планираат да останат само на дебитантското учество. Според пишувањата на словенечките медиуми, селекторот на кошаркарската репрезентација на оваа земја, Александар Секулиќ е во разговор со уште еден НБА кошаркар, кој треба да ја засили репрезентацијата на олимпискиот турнир.
Станува збор за легендата на словенечката кошарка, искусниот Горан Драгиќ. Кошаркарот на Мајами не беше дел од тимот кој настапи на олимписките квалификации, но е добредојден да ја засили репрезентацијата во Токио. Секулиќ во изјава за медиумите најавил дека очекува на ЛОИ да заминат дури и посилни.
Останува да се види дали Драгиќ ќе ја прифати поканата да ги поведе Словенците заедно со Лука Дончиќ до нови изненадувања на кошаркарските терени.










