Уште една ѕвезда го заврши Мундобаскетот: Летонија остана без својата прва „виолина“ Бертанс

331

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Летонија, Дaирис Бертанс го заврши настапот на овогодинешниот Мундобаскет. Ова е многу лоша вест за Летонија, која во втората фаза отиде со две победи и еден пораз, откако ја напушти групата на смртта, во која беа уште и Канада, Франција и Либан.

По рутинската победа над Либан, Летонија ја шокираше Франција и ја исфрли од Мундобаскетот. Тие во последното коло беа убедливо поразени од Канада со резултат 101:75, но се пласираа во следната фаза со две победи и пораз.

Сепак, лошите вести стигнаа откако Бертанс ја скина тетивата меѓу коленото и бутот и ќе биде надвор од теренот подолго време. Првичните информации велат дека тој ќе мора да мирува најмалку пет недели, што автоматски значи крај на неговите настапи на Мундобаскетот.

ПретходноАлкараз лесно го мина првото коло на УС Опен
СледноСо пласманот во ЛШ, Галатасарај се поблизу до Серхио Рамос