Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успешно ја помина и втората препрека на УС Опен. Новак го совлада шпанскиот тенисер Бернабе Запата Мираљес со 6-4, 6-1, 6-1 за околу 120 минути игра.
Во третото коло ќе гледаме српски дуел на УС Опен. Ѓоковиќ ќе игра против сонародникот Ласло Ѓере кој со 6-1, 6-2, 6-3 беше поуспешен од Французинот Гастон.
Изненадување на денот е елиминацијата на Стефанос Циципас по поразот од швајцарскиот тенисер Доминик Штрикер кој е 128 тенисер на светот.