Ангеловски со порака: Шоуто тука чини 500 денари, верувам дека навивачите ќе дојдат во поголем број!

507

Дарко Ангеловски секогаш е специфичен и оригинален по своите изјави. Ништо не беше различно ниту вечерва по победата над Данска од 3-1 на стартот на Европското првенство на кое ко-организатор е Скопје.

„Имаме добра енергија. Одигравме машки, одиме понатаму. Кога секој што ќе го изработи тоа што треба, победата самата доаѓа, тактиката се кажува, да се играше петти сет ќе беше турбулетно.

Македонската јавност денеска беше симпатична, мило ми е што имаше навивачи. Црна Гора ќе ја „дувнеме“, не им одговара салата, но прво треба да се одмориме.

Шоуто тука чини 500 денари ако сакаат да не гледаат, ако не на ТВ е бесплатно. Сепак верувам дека на следниот меч ќе дојдат во поголема бројка“. 

ПретходноДуро: Верувам дека тимот на Струга ќе одигра најдобро што знае
СледноЕдна слика – илјада зборови (ФОТОГАЛЕРИЈА)