Струга ТЛ беше подобар противник против Бредаблик во Охрид меѓутоа доживеа пораз од 0:1 во плеј-офот од Лигата на конференциите. Сега македонскиот шампион ќе треба да го надокнади загубеното на реваншот во Исланд. Тренерот Шпетим Дуро верува во добро издание на неговите момци и победа.
„Резултатот е во корист на противникот, меѓутоа тој е минимален, а јас верувам дека тимот ќе одигра најдобро што знае и ќе го надополни. На првиот меч одигравме подобро, не заслуживме пораз, а сега верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Немаме некои поголеми проблеми во составот освен Радески кој исто така беше отсутен на првиот меч во Охрид. Моралот е висок и покрај поразот на првиот меч, меѓутоа фудбалерите се спремни да го надополнат резултатот“, изјави Дуро.