Капитенот на македонската репрезентација, Никола Ѓорѓиев и на оваа средба беше лидер во нашите редови. Тој во триумфот над Данска (3-1), прв на стартот на Европското првенство зад своето име запиша 17 поени.
На крајот Ѓорѓиев заслужено го понесе признанието за најкорисен играч на натпреварот.
„Најмалку е важна статистиката и дали сум МВП на натпреварот“, беше краткиот коментар на капитенот по мечот.
Македонија ќе има два дена да се одмори и да се подготви за следниот меч на овој евро-шампионат, противник е Црна Гора, селекција против која може да се завери пласманот во осминафиналето. Мечот се игра во 20 часот.