Веќе во второто коло на УС Опен се случи нова сензација, елиминирани се Каспер Руд и Стефанос Циципас. Грчкиот тенисер шокантно беше поразен од 128 тенисер на АТП листата Диминик Штрикер после четири сата борба (7-5, 6-7, 6-7, 7-6, 6-3) во која три сета влегоа тај-брејк. Два ги доби грчкиот тенисер, на тој начин направи пресврт, но Швајцарецот врати на ист начин во петтиот сет го докрајчи противникот.
More than four hours later…
Soak it all in 🇨🇭 Dominic Stricker! pic.twitter.com/DlxdUZin6h
— US Open Tennis (@usopen) August 30, 2023
Следеше нова сензација, Каспер Руд, финалистот од УС Опен беше поразен од Кинезот Жанг кој е 67. Во светот. Тој го исфрли Руд откако го совлада со 6:4, 6:2, 0:6 и 6:2. На овој начин кинескиот тенисер успеа да го елиминиран еден од главните фаворити на УС Опен.
Но, не е само тоа…
Оваа сензација беше добредојдена за Новак Ѓоковиќ кој лесно го мина и второто коло на УС Опен. Српскиот тенисер го совлада Запата Мирањес 6-4, 6-4 и 6-1. По елиминацијата на Руд, патот на новак кон финалето е расчистен.