Прва голема победа за Вознијацки по кам-бекот, падна Квитова (ВИДЕО)

91

Ова беше нивна прва средба по 2018 година . Триумфот на Вознијацки доаѓа во вистински момент, истиот е прв поголем откако се врати на терените по одлуката да се пензионира.

Карлон ја совлада Петра Квитова со 2-0 по сетови (7-5, 7-6) во рамките на второто коло на УС Опен. Квитова беше еден од најголемите фаворит за пехарот. Двете одиграа навистина фантастичен натпревар, кој траеше два часа и десет минути.

Вознијацки пак од терените се повлече да се посвети на своето семејство, роди две деца, но потоа се врати на својата голема љубов – тенисот.

Во следното коло таа ќе игра против Американката Брејди, која славеше над Линет од Полска со 2-1 во сетови.

ПретходноИвановски поразен од искусниот Соуса на стартот на „Рафаел Надал Опен“
СледноСтружани имаат 90.минути да испишат историја и да заработат плус 2,9 милиони евра!