Евроволеј 2023: Полјаците се недопирливи, Чесите први го почувствуваа тоа на своја кожа

174

Најголемиот фаворит во групата „Ц“ на Европското првенство во Скопје, репрезентацијата на актуелниот освојувач на Светската лига 2023, Полска, со убедлива победа од 3:0 (25-17, 25-20, 25-20) над Чешка ги почна натпреварите на првенството. Полјаците кои важат за голем фаворит и за златниот медал, имаа само полесен тренинг против Чесите, кои важат за фаворит за место во втората фаза.

Разликата во квалитетот на двете репрезентации се гледаше од првиот до последниот поен. Избраниците на полскиот селектор Никола Грбиќ едноставно не добија сериозен отпор од другата страна на мрежата. Чесите само во одредени моменти успеаја да освојат по два-три поени во серија (најмногу во третиот сет), но ниту тоа не беше доволно за некакво изненадување.

Семенјук и Качмарек со по 14 поени ја понесоа Полска до премиерната победа, додека кај Чесите се истакнаа Васина со 14 и Хадрава со 10 поени.

ПретходноУ16: Реми на вториот тест со Турција
СледноЛиверпул и Баерн се договорија: Гравенберх лета за Ливерпул, утре на прегледи