Во последните секунди од преодниот рок синоќа, тимот на ПСЖ успеа да го доведе во своите редови, Коло Муани, напаѓачот по кого беше тргнат реално секој поголем клуб во Европа.
Досегашниот играч на Ајнтрахт за 90 милиони евра премина во Париз, во една од најголемите трансфер саги изминативе години. Муани веќе подолг период се имаше договорено со ПСЖ, но Ајнтрахт имаше проблем да пронајде достојна замена за него. ПРеодниот рок во Германија заврши, Муани сеуште немаше потпишано за ПСЖ и Ајнтрахт не сакаше синоќа да се согласи на трансфер. ПСЖ дури сакал според некои информации и да ја зголеми сумата на исплата, но на крајот сепак се сите инволвиранис трани се согласија на претходно договорените услови.
💬☝️ « 𝑱𝒖𝒔𝒕𝒆 𝒂̀ 𝒕𝒆𝒎𝒑𝒔 »
❤️💙 #WelcomeKoloMuani pic.twitter.com/j204ozV4TQ
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) September 1, 2023