Баер Леверкузен бележи силен старт на сезоната во Бундес лигата, откако попладнево ја забележа третата победа во третиот меч. На „Бај арена“ беше совладан Дармштад, а повторно силен меч одигра Виктор Бонифасе, летното засилување на „фармацевтите“ кој постигна два гола и запиша една асистенција.
Напаѓачот кој дојде од белгиски Унион Ст.Жилоа одлично се вклопи во Леверкузен. На три меча има четири гола и две асистенции. Претходното коло му даде два гола на Менхенгладбах.
Нигериецот е полн погодок на Баер Леверкузен ова лето.
Штутгарт ја запиша втората победа, а денеска го совлада Фрајбург со 5:0. По два гола постигнаа Серу Гираси и Крис Хунрис, а еден Енцо Милот.
На другите попладневни саботни натпревари, Аугзбург – Бохум 2:2, Хофенхајм-Волфсбург 3:1, Вердер – Мајнц 4:0. Од 18:30 часот играа Менхенгладбах-Баерн.
Victor Boniface didn’t spend this week idle either!
Bayer Leverkusen 1-0 Darmstadt #B04SVDpic.twitter.com/B89adlKqv9
— FootColic ⚽️ (@FootColic) September 2, 2023
VICTOR OKOH BONIFACE 🇳🇬(2000) AT THE DOUBLE WITH ANOTHER LOVELY GOAL TO DOUBLE THE LEAD!
FLORIAN WIRTZ 🇩🇪(2003) WITH A GREAT ASSIST!!!pic.twitter.com/A4D2EsJXOd— Football Report (@FootballReprt) September 2, 2023