Се разбира дека селекторот Јошко Миленкоски имаше што да каже по оваа победа, по оваа историска победа над Црна Гора сокоја на ова ЕП успеаве да се пласираме меѓу 16-те најдобри во Европа.
Тој посочи дека долго време се спремале токму за овие два меча, за со Данска и Црна Гора. Упати и благодарност до публиката за поддршката.
„Во секој поглед подобри сме, поквалитетни сме. Мал товар ни беше тоа што мора да се победи.Видовте дека на крај најдовме моменти и за уживање. Играчите се искусни, и така да ова на крај го одработија и рутински. Ова се должи на една макотрпна работа, многу одработивме, неколку месеци бевме заедно. Целосно бевме посветени на овие два меча кои ги добивме. Стотици тренинзи, анализи. Го покажавме најдоброто“.
Сега следува дуелот со Полска,како тоа Македонија би можелада одигра против првиот фаворит:
„Понатаму доаѓа Полска, играчи кои се најдобри во светот.Тоа е најдоброто во светот на одбојката.Благодарност до публиката за одличниот амбиент.Јас не сум чуствувал возбуда како пред еден ваков амбиент. Долго не сум го дожиевал ова, ваков амбиент дава посебна драж што се вели. Треба да се подготвуваме за со Холандија и Чешка,уште со една победа би биле и трети. Со Полска да уживаме во натпреварот“ истакна Миленкоски.