Седлоски: Шкупи е подготвен за Европски настап

576

Екипата на Шкупи утре на домашен терен на Арената Тодор Проески го пречекува Косовскиот претставник Лапи во првото квалификациско коло од Конференциската лига.

Тренерот Седлоски и голманот Кристијан Наумоски на официјалната прес конференција рекоа дека екипата е подготвена за она што следува и дека противникот може да биде победен.

„Во овој еден месец колку штом работиме доведовме добри засилувања, и мислам дека сме подготвени. Засилувањата се добри, вклопени сме како тим, постарите одлично ја одиграа улогата на домаќини што се вели. Нема да го потцениме противникот, напротив одиме да дадеме максимум, и да обезбедиме поволен резултат, за реваншот. Публиката секако дека е потребна, фудбалот се игра за публика, и мислам дека тоа ќе биде наш дополнителен мотив утре“ – изјави Седлоски.

Наумоски: Во Косовскиот фудбал се вложува многу

„Незгоден противник искрено неможам да кажам колку се квалитетни. Да, фаворити сме на хартија тоа мора да се покаже на терен. Да игравме против косовска екипа пред четири пет години ќе ви кажев дека ќе поминеме сигурно, но вака ќе мора и тоа како да се потрудиме со оглед на вложувањата. Ќе ги исполниме задачите, да ги сведеме грешките на минимум и со поволен резултат да заминеме на реванш“ – изјави Наумоски.

ПретходноСтружани го „пробаа„ теренот на стадионот „Даугава“
СледноФИБА „Челенџер“ У20: Нашите кошаркарки на стартот против Луксембург