Ексклузивно: Јован Манев за „милион“ оди во Осијек!

2985

Една година на позајмица, а потоа и договор на три години за отштета од 1,5 милиони евра! Тоа е крајниот дил на Адана Демирспор и Осијек за услугите на македонскиот стопер Јован Манев. Младиот стопер ги освои симпатиите на тимот од Хрватска летово кога беше во составот на Турците кои со 5:1 го демолираа богатиот клуб од Хрватска во Лигата на Европа.

„СпортСпорт“ ексклузивно дознава дека синоќа двете страни се договориле околу условите под кои Манев по репрезентативниот предизвик и дуелите со Италија и Малта ќе се пресели во клубот кој има шампионски амбиции и одличен старт во новата сезона во шампионатот на Хрватска.

И покрај добрите игри за Адана Демирспор сепак Манев не беше прва опција на стоперската позиција во тимот каде тренер е славниот Патрик Клајверт. Со трансферот во Осијек, Манев добива и месечна плата од 20.000 евра и оди во клуб каде ќе биде прва опција во дефанзивната линија.

ПретходноБогдан Богдановиќ влезе во историја на Светските првенства
СледноГерманецот Цваер ќе ни суди со Италија!