Шпанскиот фудбалски тренер Кике Сетиен не е повеќе шеф на стручниот штаб на Виљареал, соопштија од клубот. Сетиен е сменет затоа што во првите четири кола на Ла Лига екипата забележа три порази, а шпанскиот клуб моментално се наоѓа на 15. место со три бода.
Одлуката за негова смена е донесена на почетокот на репрезентативната пауза, а тренерското место привремено го презема досегашниот спортски директор Мигел Анхел Тена.
Сетиен клупата на Виљареал ја презема во октомври минатата година откако Унаи Емери замина во Астон Вила.